НЕМА ГЛАД ВО ГАЗА, КАЖА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА И ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ОТВОРИ КОРИДОРИ ЗА ДОСТАВА НА ПОМОШ

    НЕМА ГЛАД ВО ГАЗА, КАЖА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА И ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ОТВОРИ КОРИДОРИ ЗА ДОСТАВА НА ПОМОШМеѓународните организации за помош велат дека има масовен глад меѓу 2,2 милиони жители на Газа (Фото: АП)

    Израелската војска објави пауза во воени активности во три области во Газа, набргу откако кажа дека презела неколку чекори за олеснување на хуманитарната криза во палестинската енклава. Паузата, која ќе го опфати и градот Газа, ќе трае од десет до 20 часот на ден до натамошно известување.

    Египетските медиуми објавија дека камиони со помош тргнале од Египет кон Газа, што следува по неколку месеци меѓународен притисок и предупредувања од хуманитарните организации дека глад се шири низ енклавата. Израел исто така кажа дека почнал да исфрла пакети со помош од воздух.

    Ќе бидат воспоставени хуманитарни коридори за безбедно движење на конвоите на Обединетите нации што доставуваат помош за жителите на Газа и ќе бидат воведени хуманитарни паузи во густо населените области“, соопшти израелската војска.

    Десетици камиони со тони помош се движеа кон преминот Карам Абу Салем во јужна Газа, јави дописникот на египетската телевизија „Ал Кахера“. Меѓународните организации за помош велат дека има масовен глад меѓу 2,2 милиони жители на Газа, а храната ја снемува откако Израел ги прекина сите испораки во март, пред да ги продолжи во мај со нови ограничувања. Израел вели дека пропуштил доволно храна во Газа и ги обвинува Обединетите нации дека не ја дистрибуираат.

    Сакаме да нагласиме дека нема глад во Газа, тоа е лажна кампања промовирана од Хамас. ОН и меѓународните хуманитарни организации се одговорни за дистрибуција на храна до населението во Газа и тие треба да ја подобрат ефикасноста и да осигураат дека помошта нема да стигне до Хамас“, објавија Израелските одбранбени сили.

    Најавата на Израел за воздушно исфрлање помош дојде откако индиректните разговори за прекин на огнот во Доха помеѓу Израел и Хамас беа прекинати без никаков договор на повидок. Израелската војска кажа дека исфрлањето ќе се спроведе во координација со меѓународните организации за помош и ќе вклучува палети со брашно, шеќер и конзервирана храна. Палестински извори потврдија дека помошта почнала да се исфрла во северна Газа.

    Десетици жители на Газа починале од неухранетост во изминатите недели, според министерството за здравство на Газа. Вкупно 127 лица, од кои 85 деца, починале од глад од почетокот на војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира