НЕМА ДА МУ СЕ ЈАВАМ НА ЗЕЛЕНСКИ АКО САМИТОТ СО ПУТИН ПОМИНЕ ЛОШО, НО ВЕРУВАМ ВО ДОГОВОР, КАЖА ТРАМП

    НЕМА ДА МУ СЕ ЈАВАМ НА ЗЕЛЕНСКИ АКО САМИТОТ СО ПУТИН ПОМИНЕ ЛОШО, НО ВЕРУВАМ ВО ДОГОВОР, КАЖА ТРАМПТрамп се надева дека од утрешниот самит ќе произлезе втор, на кој би присуствувал и Зеленски (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека мисли дека Владимир Путин е спремен да постигне договор за крај на војната во Украина откако рускиот лидер навести дека на утрешниот самит на Алјаска ќе се разговара и за нов договор за нуклеарно оружје.

    Мојот утрешен состанок со Путин е голем и важен состанок кој може да спаси многу животи. Верувам дека Путин и Зеленски можат да склучат мир. Сепак, не сум сигурен дали може да има моментално примирје“, кажа Трамп.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите европски сојузници оваа недела ги интензивираа своите напори за да спречат каков било договор помеѓу САД и Русија што ќе ја остави Украина ранлива на идни напади.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Русија и САД нема да објават никаков договор по завршувањето на самитот.

    Документ не се очекува. Ништо не е подготвено. Ќе има заедничка прес-конференција, претседателот секако ќе ги изложи договорите и разбирањата што ќе успее да ги постигне“, рече Песков.

    Трамп се надева дека од утрешниот самит ќе произлезе втор, на кој би присуствувале и Зеленски и некои европски лидери.

    Сепак, има 25% шанси дека средбата нема да биде успешна. Ако состанокот помине добро, веднаш ќе му се јавам на Зеленски да договориме втора средба, ако помине лошо, нема да му се јавам. Втората средба би била поважна од првата. Би било убаво јас и Путин да разговараме со новинарите по самитот, но ако работите не се одвиваат според план, нема да има заедничка прес-конференција“, призна тој.

    Путин денеска ги пофали САД за нивните „енергични и искрени напори за запирање на непријателствата, запирање на кризата и за постигнување договори што се од интерес за сите страни вклучени во овој конфликт“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира