ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА ДА СЕ ЗАСИЛАТ САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА АКО НЕ БИДЕ ДОГОВОРЕНА ТРИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА

    ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА ДА СЕ ЗАСИЛАТ САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА АКО НЕ БИДЕ ДОГОВОРЕНА ТРИЛАТЕРАЛНА СРЕДБАТрамп и Путин разговараа речиси три часа во Енкориџ, далеку пократко од најавените шест-седум часа (Фото: Кремљ)

    Володимир Зеленски му рекол на Доналд Трамп дека санкциите за Русија мора да бидат засилени ако не биде договорена трилатерална средба или ако Москва се обидува да избегне чесен крај на војната.

    Санкциите се ефективна алатка“, кажал Зеленски, кој имал едночасовен телефонски разговор со Трамп по завршувањето на средбата со Владимир Путин на Алјаска.

    За сите прашања важни за Украина, особено територијални, мора да се дискутира со учество на Украина. Мора да се постигне вистински мир што ќе биде траен, а не само уште една пауза во руската инвазија. Безбедноста мора се гарантира долгорочно, со вклучување и на Европа и на САД“, додал Зеленски.

    Трамп и Путин разговараа речиси три часа во Енкориџ, далеку пократко од најавените шест-седум часа од Кремљ. Притоа не беше постигнат договор за прекин на огнот, но Трамп кажа дека се согласил со Путин дека веднаш треба да се оди на мировен договор, а не прво на примирје, што беше поздравено од Москва. Пред самитот, Трамп кажа дека нема да биде среќен ако со Путин не договори прекин на огнот. Зеленски ќе патува во Вашингтон в понеделник за да разговара со Трамп за следните чекори.

    Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков, кој беше дел од руската делегација, кажа дека на самитот не се разговарало за организирање трилатерална средба. Путин не сигнализираше никакви промени во долгогодишните позиции на Русија, но рече дека се согласува со Трамп дека „безбедноста на Украина мора да биде осигурана“.

    Зеленски разговараше со лидерите на Франција, Италија, Велика Британија, Финска, Германија, Полска, НАТО и Европска комисија по самитот на Алјаска, кои побараа идните разговори да ја вклучат и Украина.

    Се согласивме дека мора да се одржи притисокот врз Русија додека не се постигне мир во Украина, кој мора да биде проследен со безбедносни гаранции“, изјави Емануел Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира