Големо невреме попладнево го зафати преспанското село Љубојно. Поплавени се делови од куќи, дворови и улици.
Жителите раскажуваат дека 40 минути обилно врнел дожд, од кои 20 минути големи зрна град. Невремето го раскопа земјениот пат што претходно го имаа оштетено камионите кои пренесуваа сечени дрва од шумата.
„Доколку не беше шумата, штетата од невремето врз селото ќе беше уште поголема”, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК жители на Љубојно.
Тие седум дена протестираат секој ден за да запре сечата на шумата кај манастирот над селото. Изминатите денови алармираа дека ако не е шумата, во услови на невреме водата од дождот ќе се слева во селото и ќе прави големи штети.
Ж. ЗДРАВКОВСКА