НА ДИВО Е ПУШТЕН СТУДЕНТСКИОТ ДОМ НА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ВЕЛИ РЕВИЗИЈАТА ЗА РАБОТАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    НА ДИВО Е ПУШТЕН СТУДЕНТСКИОТ ДОМ НА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ВЕЛИ РЕВИЗИЈАТА ЗА РАБОТАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕИсто така, набавената опрема за кујната во домот поради неизведената вентилација не е ставена во употреба, што значи дека и покрај вложените средства, дел од објектот не може функционално да се користи за намената за која е предвиден, се вели во извештајот на ДЗР. (Фото: ДЗР)

    Студентскиот дом при Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) е пушен без технички преглед и употребна дозвола, вели меѓу другото ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР)  за работата на Министерството за образование и наука (МОН). ДЗР вели дека биле утврдени неправилности во начинот на користењето на јавните средства во МОН.

    Со извршената ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на МОН за 2023 година биле утврдени слабости во управувањето со капиталните инвестиции, недовршени објекти и неизвршени технички прием, несоодветно користење на средства за учебници за основно образование, како и ненаплатени побарувања по основ на студентски кредити стари повеќе од една деценија.

    Во извештајот, меѓу другите неправилности, се посочуваат и слабости во реализацијата на капитални проекти во високото образование, каде се споменуваат и неправилности во изградбата на Студентскиот дом при Државниот Универзитет во Тетово.

    „Слични слабости се утврдени и во реализацијата на капиталните проекти во високото образование. Државниот студентски дом ‘Тетово’ во Тетово изграден со буџетски средства во вкупен износ од 212.407.000 денари (3.45 милиони евра), е пуштен во употреба без извршен технички преглед на градбата и без одобрение за употреба на објектот. Исто така, набавената опрема за кујната во домот поради неизведената вентилација не е ставена во употреба, што значи дека и покрај вложените средства, дел од објектот не може функционално да се користи за намената за која е предвиден“, се вели во извештајот на ДЗР.

    Книгите проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници“ за кој се потрошени 13.25 милиони евра  не се распределени и се чуваат во магацин во Гостивар. (Фото: ДЗР)

    Комисијата исто така утврдила неправилности и во реализацијата на проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од врвните универзитети во САД и Англија, како и од областа на правото во Франција и Германија“, за кои во периодот од 2012 до 2021 година се исплатени средства во вкупен износ од 814.763.000 денари, приближно 13.25 милиони евра, проект покренат од Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски.

    „Во рамки на проектот Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од врвните универзитети во САД и Англија, како и од областа на правото во Франција и Германија, за кои во периодот од 2012 до 2021 година се исплатени средства во вкупен износ од 814.763.000 денари, приближно 13.250.000 евра, ревизијата утврди значајни недостатоци во управувањето со набавените книги. Имено, книгите сè уште не се дистрибуирани до државните органи, не се води целосна евиденција за прием и издавање на книгите од магацин, ниту е извршен редовен попис. Дополнително, условите за чување се несоодветни, што довело до оштетување на дел од книгите поради влијанија од влага и температурни промени“, вели ДЗР.

    Со ревизијата утврдено е дека и по повеќе од една деценија, МОН не презело мерки за наплата или отпишување на побарувањата по основ на студентските кредити доделени во периодот од 1998 до 2010 година, во износ од 1.106.023.000 денари, односно приближно 18 милиони евра, евидентирани како „Долгорочни кредити и позајмици дадени во земјата.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира