ТРАМП ДОАЃА НА ФИНАЛЕТО НА ЈУ-ЕС ОПЕН ПОМЕЃУ СИНЕР И АЛКАРАС

    ТРАМП ДОАЃА НА ФИНАЛЕТО НА ЈУ-ЕС ОПЕН ПОМЕЃУ СИНЕР И АЛКАРАСТрамп последен пат беше на турнирот во 2015, кога беше исвиркан (Фото: АП)

    Доналд Трамп ќе присуствува на вечерашното финале на Отвореното првенство на САД во Њујорк, во кое ќе се сретнат двајцата најдобри светски тенисери Јаник Синер и Карлос Алкарас. Тој ќе биде специјален гостин на „Ролекс“, иако Швајцарија беше тешко погодена од неговите царини.

    Трамп за првпат доаѓа на Ју-Ес опен од 2015, кога во екот на претседателската кампања беше исвиркан од публиката. Многумина предвидуваат дека тоа и сега би можело да се случи, па организаторите бараат начини ова да не се слушне во ТВ-преносот, велат американските медиуми.

    Ќе се обидам да не мислам на тоа. Не сакам да бидам нервозен поради тоа, но одлично е за тенисот што претседателот доаѓа да го гледа финалето“, изјави Алкарас.

    Трамп присуствуваше на неколку големи спортски настани откако се врати во Белата куќа, како финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, Супербоулот и автотрката Дејтона 500. Тој исто така кажа дека Светското фудбалско првенство во 2026, чии домаќини се САД, Канада и Мексико и Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 се дел од „златната доба на Америка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира