НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО ГОЛЕМИ НЕРЕДИ ВО НЕПАЛ ОТКАКО ВЛАДАТА ГИ ЗАБРАНИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО ГОЛЕМИ НЕРЕДИ ВО НЕПАЛ ОТКАКО ВЛАДАТА ГИ ЗАБРАНИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИИлјадници луѓе се одзваа на повикот да се приклучат на демонстрациите на генерацијата З (Фото: АП)

    Најмалку 19 луѓе се убиени во големите нереди во Непал, кои избија откако владата ги забрани социјалните мрежи.

    Илјадници луѓе се одзваа на повикот да се приклучат на демонстрациите на генерацијата З близу зградата на парламентот во Катманду поради одлуката да се забранат платформи како Фејсбук, Икс и Јутјуб, но и поради поширокото незадоволство од владата. Непалскиот министер за комуникации Притви Суба изјави дека полицијата морала да употреби сила, вклучувајќи водени топови, палки, гумени куршуми.

    Владата кажа дека социјалните мрежи мора да се регулираат за да се спречат лажни вести, говор на омраза и онлајн измами.

    Демонстрантите носеа транспаренти со слогани како „доста е“ и „крај на корупцијата“, а некои рекоа дека протестираат против она што го нарекоа авторитарен став на владата. Многумина во Непал сметаат дека корупцијата е раширена, а владата се соочува и со критики што не ги исполнила ветувањата за решавање на долгогодишните економски проблеми.

    Шефот на полицијата на Катманду изјави дека 17 луѓе загинале во главниот град и уште двајца во источниот град Итахари. Локалните медиуми објавија дека министерот за внатрешни работи поднесол оставка поради смртта на демонстрантите.

    Минатата недела властите наредија блокирање на 26 платформи поради непочитување на рокот за регистрација во министерството за комуникации и информатичка технологија. Од петокот, корисниците имаат тешкотии да пристапат до платформите. Владата тврди дека не ги забранува социјалните медиуми, туку се обидува да ги усогласи со непалските закони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира