Ниту една повеќе, порачаа на денешниот протест пред Министерството за внатрешни работи по убиството на 31-годишната Росица Коцева и татко ѝ од нејзиниот поранешен партнер Ивица С. Росица неколку пати пријавувала во полиција дека поранешниот партнер ѝ се заканувал, а ја запалил и колата на татко ѝ.
Присутните на протестот рекоа дека убиството на Росица е пропуст на институциите, кои несоодветно реагирале по нејзините пријави.
„Денеска сме тука бидејќи насилството врз жените и фемицидите мора да престанат. Ги обжалуваме сите жени кои изминативе години беа убиени од свои партнери, бидејќи институциите ги игнорираа нивните повици за помош,“ рекоа организаторите.
Присутните од Министерството за внатрешни работи се упатија која паркот Жена борец.