„УШТЕ СУМ ТУКА“ НА ВАЛТЕР САЛЈЕС ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ГРАН ПРИ НА ФИПРЕСЦИ ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА ГОДИНАТА

    „УШТЕ СУМ ТУКА“ НА ВАЛТЕР САЛЈЕС ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ГРАН ПРИ НА ФИПРЕСЦИ ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА ГОДИНАТАСалјес лично ја прими наградата на ФИПРЕСЦИ на отворањето на 73. издание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан. (Фото: ФИПРЕСЦИ)

    „Уште сум тука“ на прочуениот бразилски автор Валтер Салјес ја доби годинешната награда Гран при за најдобар филм на годината што традиционално ја доделува Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Салјес лично ја прими наградата на отворањето на 73. издание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

    Гран при на ФИПРЕСЦИ се избира со гласање на членовите на федерацијата, а годинава гласаа 739 критичари од 75 земји. ФИПРЕСЦИ гоинава слави 100 години постоење и е едно од најстарите професионални здруженија во светот.

    Примајќи ја наградата, режисерот Салјес за „Уште сум тука“, политичка биографска драма во бразилско-француска копродукција, рече дека е филм за „сеќавањето и отпорот“ и се заблагодари на членовите на ФИПРЕСЦИ што се „толку витални сојузници во борбата против заборавот и во одбраната на демократијата“.

    „Уште сум тука“ годинава освои Оскар за најдобар странски филм, а беше номиниран и за Најдобар филм и  за Најдобра актерка за Фернанда Торес, а во 2024 во Венеција е награден за најдобро сценарио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира