НОСАМ КОШУЛИ ОД ШТИПСКИ БРЕНД, АВСТРИЈА И МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СОРАБОТУВААТ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА, БАЊСКИОТ ТУРИЗАМ И КУЛТУРАТА, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ ПАМЕР

    НОСАМ КОШУЛИ ОД ШТИПСКИ БРЕНД, АВСТРИЈА И МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СОРАБОТУВААТ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА, БАЊСКИОТ ТУРИЗАМ И КУЛТУРАТА, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ ПАМЕРОд средбата на австрискиот амбасадор Мартин Памер и градоначалникот на Штип Иван Јорданов (Фото: СДК. МК)

    Австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Памер смета дека Австрија и Македонија преку Штип можат да соработуваат на деловен план и тоа во текстилната индустрија, но и за развојот на бањскиот туризам, во културата и во други области.

    „Сакам да донесам во Македонија потенцијални инвеститори од Австрија и планирам наредната година да доведам една економска мисија од мојата земја која може да да ги разгледа можностите од стопанството и да соработува со македонските конфекции, но и во бањскиот туризам, а секако и во областа на културата, па може некој камерен оркестар или изложба да бидат присутни во Штип“, рече Памер при средбата со градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

    Тој кажа дека е горд клиент за кошули од штипската конфекција „Албатрос“.

    На прашањето дали Штип и некој град од Австрија може да се збратимат, австрискиот амбасдор рече дека такви нешта се веќе изживеани ствари и начини, тоа е минато кое не донесе никакаква корист, па затоа поголем успех и ефект ќе имаат личните контакти на луѓето кои во даден период ги водат градовите и во двете земји.

    Градоначалникот Јорданов рече дека Штип има богато минато и наследство и оти штип може да соработува со Австрија на било кој план.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира