МАКРОН ЗАГЛАВИ НА УЛИЦА ВО ЊУЈОРК ПОРАДИ КОЛОНАТА НА ТРАМП, ПА МУ СЕ ЈАВИ ДА МУ СЕ ПОЖАЛИ

    МАКРОН ЗАГЛАВИ НА УЛИЦА ВО ЊУЈОРК ПОРАДИ КОЛОНАТА НА ТРАМП, ПА МУ СЕ ЈАВИ ДА МУ СЕ ПОЖАЛИМакрон беше снимен како разговара со Трамп откако беше запрен од полицаец (Фото: принтскрин/Јутјуб)

    Дури и претседателите можат да заглават во сообраќај, во што Емануел Макрон се увери во Њујорк, кога полицаец го запре на пешачки премин за да може да помине колоната возила на Доналд Трамп. Францускиот претседател притоа лично му се јави на Трамп од тротоарот за да му се пожали, според видеоснимка која кружи на интернет.

    Жал ми е, господине претседателе, навистина ми е жал“, му вели очигледно засрамен полицаец на Макрон, кој се обидуваше да ја премине улицата со членовите на неговата делегација.

    „Сè е замрзнато во моментов, доаѓа колона автомобили“, појасни полицаецот.

    Принуден да чека на барикадата, Макрон потоа му се јавил на Трамп.

    „Погодете што, чекам на улица затоа што сè е запрено за вас“, рече Макрон, додавајќи дека би сакал да има краток разговор со Трамп и Катар за ситуацијата во Газа.

    Извор близок до францускиот претседател потврди дека Макрон разговарал по телефон со Трамп додека одел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира