ЗАПРЕТЕ ГО ПУТИН СЕГА ИЛИ ЌЕ ИМАМЕ ГЛОБАЛНА ТРКА ВО ВООРУЖУВАЊЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    ЗАПРЕТЕ ГО ПУТИН СЕГА ИЛИ ЌЕ ИМАМЕ ГЛОБАЛНА ТРКА ВО ВООРУЖУВАЊЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИЗеленски порача дека Путин ќе продолжи да ја води војната пошироко и подлабоко (Фото: АП)

    Володимир Зеленски предупреди дека Владимир Путин мора да се запре сега или тој ќе ја прошири својата војна надвор од границите на Украина. Тој збореше на Генералното собрание на Обединетите нации ден по борбениот говор на Доналд Трамп, кој првпат кажа дека верува оти Украина може да ја врати целата своја територија окупирана од Русија од почетокот на војната.

    Путин ќе продолжи да ја води војната пошироко и подлабоко, Украина е само прва. Запирањето на Путин сега е полесно и поевтино од глобална трка во вооружување“, кажа Зеленски, додавајќи дека во Украина нема прекин на огнот зашто Русија не го сака.

    Тој истакна дека оружјата ќе станат посмртоносни како што продолжува војната и додаде дека ова што се случува е резултат на колапсот на меѓународното право и слабоста на меѓународните институции.

    Украина мораше да изгради подземни училишта, болници и бункери зашто Русија ја натера на тоа. Но, дали вие имате заштита од слични закани? Да искористиме сè што имаме заедно за да го принудиме агресорот да престане и само тогаш ќе имаме реална шанса оваа трка во вооружување да не заврши со катастрофа. На крајот, мирот зависи од сите нас“, предупреди Зеленски.

    Во салата имаше и руски претставници, но тие одбиваа да гледаат директно во Зеленски за време на неговиот говор.

    Никој освен нас самите не може да ја гарантира безбедноста. Само силни сојузи, силни партнери и наше сопствено оружје. Ако една нација сака мир, таа, сепак, мора да работи на оружјето. Не меѓународното право, не соработката, туку оружјето одлучува кој ќе преживее“, порача Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира