НЕПОЗНАТИ ДРОНОВИ ЗАБЕЛЕЖАНИ НАД АЕРОДРОМИ ВО ДАНСКА, ПРЕНАСОЧЕНИ НЕКОЛКУ АВИОНИ ОД ОЛБОРГ

    НЕПОЗНАТИ ДРОНОВИ ЗАБЕЛЕЖАНИ НАД АЕРОДРОМИ ВО ДАНСКА, ПРЕНАСОЧЕНИ НЕКОЛКУ АВИОНИ ОД ОЛБОРГОва се случува неколку дена откако аеродромот во Копенхаген беше затворен на неколку часа поради прелети на големи дронови (Фото: АП)

    Аеродромот во северниот град Олборг беше затворен откако беа забележани непознати дронови во неговиот воздушен простор, објавија локалните власти. Дронови биле видени и околу аеродромите во Есбјерг, Себерборг и Скридструп, но тие не биле затворени.

    Ова се случува неколку дена откако аеродромите во Копенхаген и Осло беа затворени на неколку часа поради прелети на големи дронови, што данската премиерка Мете Фредериксен го опиша како „најсериозниот напад врз данската инфраструктура досега“.

    Данскиот министер за одбрана Трелс Лунд Поулсен изјави дека овие инциденти навестуваат дека зад нив стои професионален играч.

    Ова изгледа систематски, ова е хибриден напад“, кажа тој, додавајќи дека моментално нема директна воена закана против Данска.

    Полицијата кажа дека леталата можеле да се видат од земја. Се истражува кој управувал со нив и кои се мотивите.

    Ова кажува нешто за времето во кое живееме и со што ние како општество мора да бидеме подготвени да се справиме“, изјави Фредериксен.

    Таа не ја исклучи вмешаноста на Русија, што портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кажа дека е неосновано.

    Најмалку три авиони биле пренасочени од аеродромот во Олборг, што данските воздухопловни сили го користат и како своја база. Полицијата кажа дека не е сигурна колку дронови се во прашање, додавајќи дека немало опасност за патниците на аеродромот.

    Европа е во состојба на висока готовност откако три членки на НАТО, Полска, Ромајија и Естонија, пријавија руски упади во нивниот воздушен простор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира