ТРАМП ЈА ОДОБРИ ПРОДАЖБАТА НА ТИКТОК ВО САД, ЈА ПРОЦЕНИ НЕГОВАТА ВРЕДНОСТ НА 14 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ТРАМП ЈА ОДОБРИ ПРОДАЖБАТА НА ТИКТОК ВО САД, ЈА ПРОЦЕНИ НЕГОВАТА ВРЕДНОСТ НА 14 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИТрамп рече дека кинескиот претседател Шји Џинпинг навестил дека ги одобрува плановите (Фото: АФП)

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ја одобри продажбата на американските операции на ТикТок на американски и глобални инвеститори, со што оваа платформа ќе биде во согласност со барањата за национална безбедност. Потпретседателот Џеј-Ди Венс кажа дека вредноста на компанијата ќе изнесува 14 милијарди долари, што е пониско од проценките на некои аналитичари.

    Објавувањето на извршната наредба покажува дека Трамп постигнал напредок околу продажбата на ТикТок, но останува да се разработат бројни детали, вклучувајќи го користењето на неговиот алгоритам.

    „Имаше одреден отпор од кинеската страна. Сакаме да го одржиме работењето на ТикТок, но исто така сакаме да се осигураме дека ја штитиме приватноста на податоците на Американците“, изјави Венс.

    Во наредбата на Трамп се вели дека алгоритмот ќе биде преквалификуван и следен од безбедносните партнери на американската компанија, а неговото работење ќе биде под контрола на новото заедничко вложување. Трамп рече дека кинескиот претседател Шји Џинпинг навестил дека ги одобрува плановите.

    „Имавме добар разговор, му кажав што правиме и тој рече да продолжиме со тоа“, кажа Трамп

    Трамп призна дека ТикТок, кој има 170 милиони корисници во САД, му помогнал да победи на изборите минатата година. Самиот Трамп има 15 милиони следбеници на својот профил на ТикТок.

    „Ова ќе биде целосно управувано од Американците“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира