ЕВРОПА САКА ДА ИЗГРАДИ „ДРОНСКИ ЅИД“ ЗА ДА ГО ЗАШТИТИ ИСТОКОТ ОД РУСКИ УПАДИ, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА БАРААТ ПОШИРОК ПЛАН

    ЕВРОПА САКА ДА ИЗГРАДИ „ДРОНСКИ ЅИД“ ЗА ДА ГО ЗАШТИТИ ИСТОКОТ ОД РУСКИ УПАДИ, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА БАРААТ ПОШИРОК ПЛАНДанска забрани прелети на дронови над целата земја до 3 септември (Фото: Гети)

    Европските лидери се сретнаа во Копенхаген за да разговараат за плановите да се зајакне одбраната на истокот на ЕУ против руските дронови, додека некои сметаат дека ова би требало да биде пошироко.

    Европските власти ја обвинија Русија за дрски упади во воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија во изминатиот период, додека Данска не кажа директно дека Русија е одговорна за инцидентите со дронови над тамошните аеродроми.

    Русија се обидува да нѐ тестира и да посее поделби и вознемиреност во нашите општества. Но, нема да дозволиме да се случи тоа“, кажа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Безбедноста на самитот беше зајакната со војници и противдронски системи од други држави, а Данска забрани прелети на дронови над целата земја до 3 септември.

    Минатиот месец, Фон дер Лајен ја предложи идејата за воспоставување дронски ѕид – мрежа од сензори и оружја за детектирање, следење и неутрализирање беспилотни летала, за да се заштити источното крило на Европа. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја поддржа идејата како неминовна и неопходна, што беше прифатено и од неколкумина европски лидери во Копенхаген.

    Русија ќе продолжи и ние мора да бидеме спремни. Мора да ја зголемиме нашата подготвеност“, изјави финскиот премиер Петери Орпо.

    Имаше и поинакви мислења. Италијанската премиерка Џорџа Мелони кажа дека јужната граница на Европа не треба да биде занемарена, а францускиот претседател Емануел Макрон побара сеопфатен пристап кон заканата од дронови.

    Русија негираше одговорност за беспилотните летала над Данска, оспори дека нејзините борбени авиони влегле во естонскиот воздушен простор и рече дека немала намера да испрати дронови во Полска. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги критикуваше плановите за дронски ѕид во Европа.

    Како што покажа историјата, подигнувањето ѕидови е секогаш лоша работа“, рече тој.

    Европската комисијата досега не изработила детален план за дронски ѕид, оставајќи отворени прашања за трошоците и практичноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира