Мажот кој беше фотографиран како бебе за омотот на албумот „Nevermind“ на „Нирвана“ го изгуби судскиот спор против бендот, кого го тужеше за ширење детска порнографија. Спенсер Елден имал четири месеци кога бил фотографиран гол под вода за омотот на легендарниот албум од 1991 година.
Тој ги тужеше бендот и фотографот Кирк Ведл, но судијата пресуди дека „позата, фокусната точка, местото и целокупниот контекст не сугерираат дека обвивката на албумот содржи сексуално експлицитно однесување“.
„Воодушевени сме што судот го заврши овој неоснован случај и ги ослободи нашите креативни клиенти од стигмата на лажните обвинувања“, рече адвокатот на „Нирвана“.
Елден првично поднесе тужба во 2021, тврдејќи дека „неговите идентитет и име останале засекогаш поврзани со комерцијалната сексуална експлоатација што ја доживеал како малолетник, која била дистрибуирана и продавана низ целиот свет“. Тужбата беше отфрлена следната година бидејќи Елден ја поднесол по истекот на десетгодишниот рок за поднесување граѓанска тужба. Апелациониот суд ја поништил таа одлука, дозволувајќи му на Елден повторно да ја поднесе тужбата.