ЗА ТРИ ДЕНАРИ ПО КУБИК ПОСКАПЕ ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СКОПЈE

    ЗА ТРИ ДЕНАРИ ПО КУБИК ПОСКАПЕ ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СКОПЈEПоскапувањето во просек е околу 40 денари, што значи дека ако досега сметката била 1.000 денари, сега ќе биде 1.040 денари. (Фото: СДК.МК)

    Поскапе водата за пиење во Скопје, за 3,2 денари по кубик. Наместо 31,81 денар, кубик вода сега чини 35,02 денари. Новата цена е на сила од септември и септемвриските сметки ќе бидат повисоки.

    Новата цена ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на 25 август. Од таму за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека Комисијата морала да донесе нова цена на водата, бидејќи ЈП „Водовод и канализација“ не ги испочитувала препораките да се корегира цената.

    „Поскапувањето во просек е околу 40 денари. Што значи, ако граѓаните плаќале сметка од 1.000 денари сега ќе плаќаат 1.040 денари“, велат од Регулаторната комисија.

    Според податоците на Регулаторна комисија, загубите на вода во државата се околу 63 отсто, а во регионот Македонија е една од земјите со највисоки загуби.

    Летово повеќе делови од Скопје немаа вода за пиење, а во речиси целиот град притисокот беше слаб. Од „Водовод“ тогаш апелираа рационално да се користи водата и велеа дека во голем дел од градот има диви приклучоци преку кои се троши питката вода за полевање ниви и бавчи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира