ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА ОД ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „ПОИНАКУ“ ВОЗЕЈЌИ КАМИОН ЈА ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА БИТОЛА

    ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА ОД ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „ПОИНАКУ“ ВОЗЕЈЌИ КАМИОН ЈА ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА БИТОЛАИлиевска најави дека заедно со кандидатите за советници од Поинаку ќе го посетат секое маало, секоја улица и секоја рурална средина за да ги слушнат проблемите на граѓаните. (Фото: Принтскирн од видео)

    Кандидатката за градоначалничка на Битола Габриела Илиевска, од независната граѓанска иницијатива Поинаку, изборната кампања за претстојните Локални избори ја започна возејќи камион. Таа праша: „Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат проблемите во градот?“

    Илиевска, која изминативе 4 години беше претседателка на Советот на Општина Битола, најави дека со тој камион тргнуваат да си ја вратат Битола, па заедно со кандидатите за советници од Поинаку ќе го посетат секое маало, секоја улица и секоја рурална средина за да ги слушнат проблемите на граѓаните.

    Битола на локалните избори има 8 кандидати за градоначалник од кои четири независни и двојно повеќе листи за советници, односно 16. Заедно на листите се 504 кандидати за градоначалничкото и советничките места.

    Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври и на 2 ноември.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира