КОЛЕВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ЗА ВТОР МАНДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВЕЛЕС

    КОЛЕВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ЗА ВТОР МАНДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВЕЛЕСУбедлива победа со мнозинство во Советот најави носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ Даниел Јаневски кој смета дека ќе имаат 14 од 23 советници. (Фото: СДК.МК)

    Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес, Марко Колев, прогласи победа на локалните избори. Тој со тоа го доби вториот мандат.

    „Да им се заблагодарам на граѓаните на Општина Велес, на демократски процес излегоа и ја дадоа поддршката за мене. Прогласувам победа во првиот круг. Обновата на Велес продолжува со исто темпо. Во програмата за наредните четири години имам 200 проекти, за 60 има обезебедено финасиски средства. Се што работевме досега, во продолжение ќе го работиме позасилено“, кажа Колев.

    Убедлива победа со мнозинство во Советот најави носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ Даниел Јаневски. Тој смета дека ќе имаат 14 од 23 советници.

    „Благодарност до граѓаните што дадоа толкава поддршка за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме апсолутно мнозинство. Градоначалникот ќе има сигурно мнозинство во Советот, ќе продолжиме со проектите што ги реализиравме и ќе ги реализираме. Овие резултати ни даваат дополнителен мотив и сила,тоа значи граѓаните ја препознаа нашата работа. Продолжуваме засилено“, рече Јаневски.

    Во Советот на Општина Велес, ќе партиципираат СДСМ и Левица, засега со по четири мандати и еден на ЗНАМ.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира