ВО ПРВ КРУГ ПОБЕДИВМЕ ВО ТРИ ОПШТИНИ, НО ОВА НЕ Е РЕЗУЛТАТОТ ШТО ГО ПОСАКУВАВМЕ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ВО ПРВ КРУГ ПОБЕДИВМЕ ВО ТРИ ОПШТИНИ, НО ОВА НЕ Е РЕЗУЛТАТОТ ШТО ГО ПОСАКУВАВМЕ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕСо нецелосно пребројани гласачки ливчиња, Филипче вели дека СДСМ води во Центар, Пробиштип, Чучер-Сандево, Чешиново-Облешево, Лозово, Росоман и други. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва им честиташе на сите градоначалници што победија во првиот круг од локалните избори.

    Тој на прес-конференција во партиското седиште кажа дека СДСМ во прв круг победи во Крива Паланка, Кривогаштани и во Богданци.
    Со нецелосно пребројани гласачки ливчиња, СДСМ води во Центар, Пробиштип, Чучер-Сандево, Чешиново-Облешево, Лозово, Росоман и други.

    Кандидатите на партијата се втори во Неготино, Македонска Каменица, Демир Капија, Ранковце, Зрновце и други.

    „Овој резултат не е тој што го посакувавме, но во неколку општини имаме значително зголемување на бројот на гласовите, што се должи на консолидацијата на партијата”, рече лидерот на СДСМ.

    За Град Скопје рече уште ги чекаат резултатите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира