ДУИ БАРАШЕ РЕФЕРЕНДУМ И ДЕНЕСКА ДОБИ РЕФЕРЕНДУМ ОД НАРОДОТ, РЕЧЕ КАСАМИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОБЕДАТА ВО ТЕТОВО

    ДУИ БАРАШЕ РЕФЕРЕНДУМ И ДЕНЕСКА ДОБИ РЕФЕРЕНДУМ ОД НАРОДОТ, РЕЧЕ КАСАМИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОБЕДАТА ВО ТЕТОВОКасами  кажа дека во Тетово разликата е над 4.000 гласови во корист на „Вреди“ и оти верува дека во вториот круг оваа разлика ќе биде далеку поголема. (Фото: СДК.МК)

    Со зурли и тапани, со развиорени албански знамиња, меѓу кои имаше и едно на Голема Албанија кое го вееја една група млади, на Градскиот плоштад во Тетово „Вреди“ ја прослави, како што рекоа, големата победа над ДУИ. Пред симпатизери на партијата се обратија кандидатите за градоначалници од Општините Желино, Теарце и Боговиње, кои исто така освоиле повеќе гласови од кандидатите на ДУИ, а се обрати и градоначалникот на Тетово Билал Касами.

    „Ние излеговме со програма да ги водиме општините во следните 4 години, нашите опоненти од ДУИ излегоа со националистичка кампања. Бараа референдум и денеска од народот добија референдум. Ова е најјасен глас на народот за промени, за кандидати кои ќе ги водат општините и програми кои ќе ги решаваат нивните проблеми. Лидерите на ДУИ треба да дадат оставки и да го препуштат местото на новите кадри и да се реформираат како партија“, рече Касами.

    Касами  кажа дека во Тетово разликата е над 4.000 гласови во корист на „Вреди“ и оти верува дека во вториот круг оваа разлика ќе биде далеку поголема.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира