ВМРО-ДПМНЕ И „ВРЕДИ“ ИМААТ МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ШТО БРОИ 45 СОВЕТНИЦИ, ЛЕВИЦА ИМА 6, А СДСМ 5 СОВЕТНИЦИ

    ВМРО-ДПМНЕ И „ВРЕДИ“ ИМААТ МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ШТО БРОИ 45 СОВЕТНИЦИ, ЛЕВИЦА ИМА 6, А СДСМ 5 СОВЕТНИЦИНа локалните избори во 2021, ВМРО-ДПМНЕ имаше ист број советници 18, а СДСМ тогаш освои 12 односно сега има 7 советници помалку. (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери од Владата „Вреди“ и ЗНАМ имаат мнозинство во Советот на Град Скопје. Според поделбата на мандатите објавена на страната на Државната изборна комисија (ДИК), ВМРО-ДПМНЕ ќе има 18 советници во Советот на Град Скопје, по 6 советници ќе имаат Левица, „Вреди“ и ДУИ, а СДСМ има пет советници. По еден советник ќе имаат Коалицијата „Искуство за успех“, партијата ЗНАМ и граѓанските листи на „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“.

    Тоа значи дека од 45 советници, колку што брои Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ имаат 25 советници.

    На Локалните избори во 2021, ВМРО-ДПМНЕ имаше ист број на советници 18. СДСМ тогаш освои 12, односно сега има 7 советници помалку. ДУИ имаше пет советници, Левица четири, а по две советнички места имаа Алијанса за Албанците и Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните кандидати од „Зелен хуман град“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира