93-ГОДИШНАТА РАДМИЛА ЈАНУШЕВСКА БЕШЕ НАЈВОЗРАСНА КАНДИДАТКА ЗА СОВЕТОТ ВО ВЕЛЕС

    93-ГОДИШНАТА РАДМИЛА ЈАНУШЕВСКА БЕШЕ НАЈВОЗРАСНА КАНДИДАТКА ЗА СОВЕТОТ ВО ВЕЛЕСЗа Советот на Велес, ВМРО-ДПМНЕ освои 16 од 23 советници, СДСМ 3, Левица 3 и еден советник од ЗНАМ. (Фото: СДК.МК)

    Највозрасна кандидатка за советничка во Советот за Општина Велес беше Радмила Јанушевска со 93 години возраст, членка на МААК. Од оваа партија е Јаготка Ѓорѓиевска со 80 години. Со 79-години Томе Марков од партијата ЗНАМ е трет на оваа листа по возраст. Тоа се трите највозрасни лица на кандидатските листи за советници во Општина Велес, според податоците достапни на Државната изборна комисија (ДИК).

    Тие, според местата на листите и освоените гласови, беа далеку од можноста да влезат во општинскиот Совет.

    Во соседната Општина Лозово, Томислав Иванов од група на избирачи со 86 години е највозрасен. На листите советници на листите партијата ЗНАМ и на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше повеќе жени отколку мажи, по 13 од 23 колку што брои Советот.

    Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес, Марко Колев, прогласи победа на локалните избори. и го доби вториот мандат.  За Советот, ВМРО-ДПМНЕ освои 16 од 23 советници, СДСМ 3, Левица 3 и еден советник од ЗНАМ.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира