Од 1 до 20 ноември ќе се реновира гледалиштето во Театар Комедија во Скопје, а сите претстави ќе се играат на Малата сцена.
Од Театарот велат дека ќе се изведуваат градежни и технички реконструкции на гледалиштето и во тој период ќе бидат поставени нови столчиња и нов под.
„И покрај реконструкцијата, театарот ќе продолжи да работи според редовниот репертоар за ноември, а сите претстави ќе се изведуваат на Малата сцена. Оваа реконструкција се реализира со поддршка од Амбасадата на Полска, преку програмата ‘Полиш еид’ (‘Polish Aid). Се работи за сума од два милиона денари (околу 32.360 евра), како и финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија во износ од 5.200.000 денари (околу 84.000 евра)“, соопшти Театар Комедија.