Три лица се убиени, а најмалку 29, меѓу кои и шест деца, се повредени во рускиот воздушен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, изјави градоначалникот Витали Кличко. Две високи станбени згради беа погодени во нападите, изјави Кличко.
Службите во Киев соопштија дека трите лица биле убиени кога дрон погодил деветкатна станбена зграда во населбата Десњански северозападно од градот, а 24 се повредени во истиот напад. Пријавена е и штета на најмалку три други станбени згради во Киев. Седум лица, меѓу кои и две деца, се лекуваат во болница, соопштија властите.
Во меѓувреме, руската воздушна одбрана уништи дрон што се движеше кон Москва, според градоначалникот на градот, Сергеј Собјанин.
Најновото руско бомбардирање е во време кога Москва ги засили нападите врз цивилни цели и енергетска инфраструктура пред зимата, а украинските власти велат дека само во изминатата недела се лансирани речиси 1.200 дронови.



