Основното јавно обвинителство Скопје бара притвор за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието, поради сомненија за сторено кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Директорот Рустеми и второосомничениот од вчера се приведени и се на распит во полициска станица.
Како што соопшти Обвинителството, осомничените заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот.
„Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести“, велат од Обвинителството.
Додаваат дека ваквите сомненија се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на Јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од Институт за јавно здравје.
- ЗА ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕ МВР ТРЕБА ДА ВЛЕЗЕ КАЈ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТИ НЕ ГО РАЗРЕШИ УПРАВНИОТ ОДБОР НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА‘ СО КАДРИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛИ АРСОВСКА
- СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЌЕ БАРААТ КАМИОНИ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ЗА СОБИРАЊЕ НА ЃУБРЕТО
- РАСИПАНИ СЕ КАМИОНИТЕ НА СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“, НЕМА НИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ, КАЖА СИНДИКАТОТ И НАЈАВИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА РАКОВОДСТВОТО
А. АНТЕВСКА

 
                                     
                                    

