ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ВТОРИОТ КРУГ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ДО 18.30 ЧАСОТ Е НАД 40 ОТСТО

    ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ВТОРИОТ КРУГ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ДО 18.30 ЧАСОТ Е НАД 40 ОТСТОВо вториот круг од локалните избори се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, каде се гласаше за Амар Мециновиќ и Орце Ѓорѓиевски. (Фото:СДК.МК)

    На половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на цела Македонија е 40,45%, кажа ДИК.

    Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас и обработени 987,174 гласачи, гласале 399.319 граѓани.

    Во вториот круг од локалните избори се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани на 1.771 избирачко место.

    Сарај и Чаир се општини со најмала излезност со 11,45%, односно 13,7%, додека најголема излезност до половина час пред затворањето на избирачките места, е во Росоман 77,51%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира