МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО И ДА ГИ ВКЛУЧИ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

    МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО И ДА ГИ ВКЛУЧИ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУИ при последната посета на Скопје Урсула фон дер Лајен ја предупреди Македонија дека мора да ги направи уставните измени (Фото: К. Попов)

    Европската комисија го пофали целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната политика на Европска Унија, но предупреди дека преговорите за пристапување остануваат блокирани сè додека таа не го исполни своето ветување од 2022 за вклучување на Бугарите и другите групи во својот устав, стои во нацрт-заклучоците од новиот извешај за проширување, што ќе биде објавен денеска.

    Како што објави „Јуроњуз“, извештајот, исто така, ја нагласи потребата од натамошен напредок во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата.

    Во разговор со „Јуроњуз“ во април, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази фрустрација што Македонија ги променила своите знаме, валута и име за ветувањата на ЕУ, но тие продолжуваат да се менуваат со нови услови.

    „Без сомнение, кај минатите влади имаше недостаток на исполнување на некои прашања. Но, она што исто така е факт е дека ние сме жртва на премногу билатерализација на процесот на ЕУ“, кажа Муцунски.

    Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но досега нема отворено ниедно поглавје во преговорите.

    Наспроти Македонија, Брисел ќе го пофали напредокот на Црна Гора и Албанија, кои би можеле да ги завршат пристапните преговори во 2026, односно 2027 и да станат членки до крајот на деценијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира