КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНИОТ ОД НАПАЃАЧИТЕ НА НОВИНАРИТЕ НА „А1ОН“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНИОТ ОД НАПАЃАЧИТЕ НА НОВИНАРИТЕ НА „А1ОН“

    Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на прес-конференција во просториите на Здружението на новинари на Македонија соопшти дека СВР Скопје вчера поднел кривична пријава за насилство против еден од напаѓачите на новинарот и на камерманот на порталот „А1он“, кои беа натепани за време на протест на „За заедничка Македонија“ кај Триумфална порта.

    Постои можност, рече Нухиу, во текот на наредните денови кривичната пријава да се дополни со нови факти и докази и против други осомничени.
    Министерот за внатрешни рече дека средбата со претседателот на ЗНМ Насер Селмани била за да изрази поддршка за работата на новинарите и да упати порака дека МВР ќе работи на почитување на работата на новинарите во Македонија.

    На пресот беа и тепаниот новинар Александар Тодески и снимателот Влатко Желчески.
    Според Селмани, ова е првпат МВР да застане во одбрана на новинарите и на ЗНМ и ова е првиот случај во кратко време да идентификува напаѓач на новинар.

    „Сакаме да се испрати порака дека секој што ќе нападне новинар, ќе биде казнет“, рече Селмани, кој очекува Обвинителството исто така брзо да го процесира случајот по поднесената пријава од СВР Скопје.

    Селмани на Нухиу му дал листа со постари нерешени напади на новинари. Од него очекува, како што рече, да се информира поединечно за секоја до каде е со постапката и да се заложи конечно да се забрзаат и да се решат. Се договориле и да изготви посебен регистар на напаѓачи на новинари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира