35-годишниот фудбалер на Баерн Минхен Чаби Алонсо, светски и европски првак со Шпанија, изјави дека наскоро ќе ја заврши спортската кариера.
„Верувам дека ова е вистинско време. Секогаш сум мислел дека би било подобро да се откажеш порано, отколку подоцна. Се уште се чувствувам добро, но верувам дека ова е моментот“, кажа Алонсо.
Алонсо му се приклучи на Баерн од Реал Мадрид во 2014 година, освојувајќи шампионски титули во првите две сезони во Бундеслигата. Следната победа во германската лига се очекува со голема сигурност и сезонава.
Алонсо, исто така, победи во Лигата на шампиони во 2005 година со Ливерпул, кадешто дојде од Реал Сосиедад една година претходно.