АДВОКАТИТЕ ГО НАПАДНАА ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС” ОД ТЕХНИЧКИ АСПЕКТ, СУДИЈКАТА НЕ ДОЗВОЛИ ЗА ТАКВИ ГРЕШКИ ДА СЕ ВРАЌА НАЗАД НА ОЦЕНКА

    АДВОКАТИТЕ ГО НАПАДНАА ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС” ОД ТЕХНИЧКИ АСПЕКТ, СУДИЈКАТА НЕ ДОЗВОЛИ ЗА ТАКВИ ГРЕШКИ ДА СЕ ВРАЌА НАЗАД НА ОЦЕНКАСудењето продолжува утре. - Од денешното рочиште во судницата во Идризово (Фото: СДК.МК)

    Застапниците на роднините на загинатите, повредените, на сите оштетени во катастрофалниот пожар во клубот „Пулс” во Кочани кој за миг одзеде 63 млади животи, на второто судско рочиште денеска позитивно се изјаснија за приклучување кон кривичен прогон, заедно со државата (Обвинителството), по што им беше кажано од судот дека надоместокот на материјална и душевна штета ќе го бараат во идна постапка, пред граѓански суд.

    Патем, денеска обвинетите требаше, но не дадоа воведни зборови, зашто адвокатите го нападнаа обвинението како фалично, по повеќе суштински и технички основи, меѓу другото и за тоа дека не им е доставено и на обвинетите лично. Обвинителството им го доставило само на адвокатите на обвинетите, а тие рекоа дека не се курирска служба на судот.

    Адвокатите рекоа дека ова интегрирано обвинение личи на ново обвинение и оти треба повторно да оди на оценка.

    Судечкиот совет се повлече за да одлучи по бројните приговори на адвокатите на обвинетите, кои рекоа дека најголемата трагедија во Македонија не смее да биде покриена со неправда. Советот на чело со судијката Дијана Груевска-Илиевска, не се согласи со сите забелешки на обвинетите.

    „Не станува збор за ново обвинение, зашто во интегрираното обвинение нема нови дејствија, нема нови оштетени, ново место на извршување, не е дадена нова правна квалификација, а во однос на сменетата временска рамка, прецизирана е во продолжение за секој обвинет поединечно”, кажа таа и не го одложи денешното судење.

    За најголемата несреќа во земјава во која на 16 март која изгореа 63 млади луѓе и деца, а 212 беа повредени, обвинети се: газдата на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко спроведен од затвор Куманово, Митко Стојанов, синот на Деко Михаил Јованов , Гроздан Милчковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Коцев, Ратко Димитровски, Николчо Илиев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Мартин Георгиев, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џевад Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сарачини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шевкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Хасапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кизмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, газдата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Александар Нацев.

    Судењето продолжува на втори декември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира