НАГРАДУВАНИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ ОСУДЕН НА ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ВО ИРАН ЗА СОЗДАВАЊЕ ПРОПАГАНДА

    НАГРАДУВАНИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ ОСУДЕН НА ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ВО ИРАН ЗА СОЗДАВАЊЕ ПРОПАГАНДАПанахи е во САД, каде што неговиот последен филм „Тоа беше само несреќа“ освои неколку награди Готам (Фото: Гети)

    Иран го осуди наградуваниот режисер Џафар Панахи на едногодишна затворска казна поради „создавање пропаганда против политичкиот систем“, кажа неговиот адвокат. Панахи е осуден во отсуство бидејќи моментално е во САД, каде што неговиот последен филм „Тоа беше само несреќа“ победи во некои од главните категории на доделувањето на наградите Готам во Њујорк.

    „Тоа беше само несреќа“ бил незаконски снимен во Иран и потоа победи на Канскиот фестивал.

    Панахи, кој истовремено доби забрана за патување, веќе отслужи две затворски казни во Иран. Пред изрекувањето на новата казна кажа дека планира да се врати во земјата.

    Шеесет и петгодишниот Панахи е еден од водечките ирански режисери, на кого властите му имаат изречено бројни ограничувања, вклучувајќи забрана за снимање филмови во земјата. Тој тајно го сними последниот филм, кој раскажува за петмина Иранци кои се соочуваат со човек за кој веруваат дека мачел некои од нив во затвор.

    Панахи беше осуден на шест години затвор во 2010 за поддршката на антивладини протести, но беше ослободен по два месеца. Повторно заврши во затвор во 2022 откако протестираше против апсењето на двајца ирански режисери. Тогаш одлежа седум месеци од предвидената шестгодишна казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира