МАЖ ЈАВНО ПОГУБЕН ВО ИРАН ОТИ ЈА ЗАДУШИЛ СОПРУГАТА

    МАЖ ЈАВНО ПОГУБЕН ВО ИРАН ОТИ ЈА ЗАДУШИЛ СОПРУГАТАЈавните егзекуции се ретки во Иран, обично се извршуваат со бесење. (Фото: ДПА)

    Маж е јавно погубен во иранскиот град Семнан затоа што намерно ја задушил својата сопруга. Новинската агенција Мизан, која е поврзана со судството во земјата, објави дека инцидентот се случил во Семнан во 2020 година, а пресудата е извршена откако првичната смртна казна била потврдена од Врховниот суд.

    Истражителите подоцна откриле дека сопругот се обидел да ја прикаже смртта како да се случила од природни причини. Официјалните лица изјавија дека обидот не успеал по форензичките тестови и реконструкцијата на злосторството.

    Јавните егзекуции се ретки во Иран. Тие обично се извршуваат со бесење.

    Ригорозната употреба на смртна казна во Иран со години е критикувана од активистите за човекови права, кои ги обвинуваат иранските судски власти дека користат егзекуција за заплашување на критичките гласови. На крајот на септември, Амнести интернешнл го процени бројот на егзекуции во земјата оваа година на повеќе од 1.000 – повеќе од која било друга година во последните 15 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира