СТУДЕНТИ ОД ЛИКОВНАТА АКАДЕМИЈА ВО СКОПЈЕ КОНЗЕРВИРАА ДВЕ СЛИКИ НА МАРТИНОСКИ ОД ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

    СТУДЕНТИ ОД ЛИКОВНАТА АКАДЕМИЈА ВО СКОПЈЕ КОНЗЕРВИРАА ДВЕ СЛИКИ НА МАРТИНОСКИ ОД ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТСтудентите работеа на сликата од циклусот „Девојчиња“ (масло на лесонит, 52 × 70 см, со рамка 60 × 80 см). - Пред и потоа комзервацијата. (Фото: ФЛУ)

    Студенти од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје работеа на конзервација на две дела од Никола Мартиноски, кои се во сопственост на Филолошкиот факултет  „Блаже Конески“ во Скопје.

    Како дел од работилницата по конзервација и реставрација „Методи на чистење на уметнички дела на водена база (примена на водени пуфери и растворувачи на водена база) “, финансирана од ИКСССА 2025 на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“во Скопје, студентите кои го имаат одбрано предметот Заштита и реставрација на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на ФЛУ, под менторство на доц. м-р Марија Сотировска-Богдановска и насловен доц. м-р Маријета Сидовски, работеа на стручна анализа,  дијагностика и конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од  Мартиноски.

    Сликата „Мртва природа -риби“ пред и по конзервацијата. (Фото: ФЛУ)

    Тие работеа на сликата од циклусот „Девојчиња“ (масло на лесонит, 52 × 70 см, со рамка 60 × 80 см) и „Мртва природа – риби“ (масло на платно, 64,4 × 47 см, со рамка 81,4 × 64 см)).

    Од ФЛУ велат дека сликата „Девојчиња“ била затекната со стара интервенција и локални оштетувања, залепен акрилен лак за стаклото, подглобочувања и пожолтен заштитен слој.

    „По тестирањата, делото беше селективно исчистено со pH 7 + Tween и органски растворувач, боениот слој стабилизиран со BEVA 371, загубите на боениот слој пополнети со конзерваторски кит, а ретушот изведен миметички. Рамката беше исчистена, дезинфицирана и визуелно интегрирана со акварел и корективна позлата.
    Сликата ‘Мртва природа – риби’ имаше наслаги од прашина и чад, вдлабнатини на платното и ситни оштетувања. Чистењето беше изведено со pH 7 TAC, без отстранување на оригиналниот стар лак. Задната страна беше стабилизирана со BEVA 371 филм и холитекс, а рамката беше исчистена, дезинфицирана и визуелно усогласена“, велат од Факултетот.

    Студентите кои го имаат одбрано предметот Заштита и реставрација на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на ФЛУ, под менторство на доц. м-р Марија Сотировска-Богдановска и насловен доц. м-р Маријета Сидовски, работеа на стручна анализа,  дијагностика и конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од  Мартиноски. (ФЛУ)

    Во земјава, речиси и да нема културна установа  која се соочува со недостаток на конзерватори, стручните лица алармираат дека ќе нема кој да го чува богатотото културно наследство, а Министерството за култура и туризам вели дека работи на „функционална анализа за секоја институција“.

    Од ФЛУ велат дека работилницата претставува значаен придонес кон развивањето на професионалните компетенции на студентите, како идни конзерватори и реставратори, обезбедувајќи им практично искуство во реални услови, со автентични уметнички дела и со примена на современи методологии.

    „Воедно, активностите ја нагласуваат потребата од создавање подобри услови и континуирана поддршка за систематска грижа, истражување и долгорочно зачувување на уметничките дела како дел од нашето културно наследство“, велат од ФЛУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира