Актерот Силвестер Сталоне, американската рок-група „Кис“ и пејачката Глорија Гејнор се меѓу ѕвездите кои се добитници на почесните награди за животно дело од Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“. Организацијата секоја година наградува одбрана група личности за нивното уметничко влијание врз американската култура. Годинава наградени се и суперѕвездата на кантри музиката Џорџ Стрејт и актерот Мајкл Крофорд.
Претседателот Доналд Трамп ќе биде домаќин на свеченото доделување закажано за 23 декември, што е првпат претседател да води на сцената наместо да седи во ложата на оперската куќа.
Трамп во август изјави дека се согласил да биде водител на шоуто. Вчера, претседателот на свечената вечера во Стејт департментот изјави дека го прави тоа „на барање на одредена телевизиска мрежа“. Тој смета дека свеченоста, закажана да се емитува на 23 декември на „Си-Би-Ес“ и „Парамоунт+“, ќе има најголема гледаност досега.
Трамп ја презема улогата што во минатитите години, меѓудругите ја имаа новинарот Волтер Кронкајт и комичарот и непријател на Трамп, Стивен Колберт. Пред Трамп, претседателите ја гледаа емисијата заедно со наградените. Трамп целосно ги прескокна овие награди за време на неговиот прв мандат.



