ЕВРОПСКИТЕ НАЦИИ ПРОПАЃААТ И ГИ ВОДАТ СЛАБАЦИ, ВЕЛИ ТРАМП

    ЕВРОПСКИТЕ НАЦИИ ПРОПАЃААТ И ГИ ВОДАТ СЛАБАЦИ, ВЕЛИ ТРАМПТрамп кажа дека европските држави потфрлиле во контролата на миграцијата (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја опиша Европа како група нации кои пропаѓаат водени од слабаци. Во интервју за сајтот „Политико“ тој ги омаловажи традиционалните американски сојузници за неуспехот да ја контролираат миграцијата и да ја завршат војната во Украина, сигнализирајќи дека ќе ги поддржи европските политички кандидати кои се усогласени со неговата визија за континентот.

    „Мислам дека европските лидери се слабаци. Исто така мислам дека сакаат да бидат премногу политички коректни. Мислам дека не знаат што да прават. Европа не знае што да прави“, кажа Трамп.

    Тој го даде интервјуто неколку дена откако беше објавена новата американска Стратегија за национална безбедност, во која беше нагласено дека „Европската Унија и миграцијата водат кон неизбежно целосно културно пропаѓање во Европа“, за која беше кажано дека има и големи економски проблеми.

    „Градови како Лондон и Париз крцкаат под товарот на миграцијата од Блиски Исток и Африка. Без промена во граничната политика, некои европски држави веќе нема да бидат одржливи“, смета Трамп.

    Зборувајќи за војната во Украина, Трамп кажа дека Русија е во подобра преговарачка позиција од Украина и ги обвини европските лидери дека многу зборат, а малку прават. Притоа го повика Володимир Зеленски да распише избори во Украина.

    „Тие немаа избори долго време. Зборат за демократија, а никаде ја немаат“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира