ПРИТВОР ЗА 84-ГОДИШЕН МАЖ ЗА ОБИД НА УБИСТВО ВО ХОТЕЛ ВО КУМАНОВО

    ПРИТВОР ЗА 84-ГОДИШЕН МАЖ ЗА ОБИД НА УБИСТВО ВО ХОТЕЛ ВО КУМАНОВОКритичното утро осомничениот искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот и дошол пред собата каде била оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Куманово ќе започне истрага против 84-годишен кумановец, кој се обидел да убие жена во хотел во Куманово, пред очите на нејзиниот неподвижен маж.

    ОJO Куманово донесе несе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 4 декември, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена, велат од Обвинителството.

    Тој утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот и дошол пред собата каде била оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг.

    „Кога го видела, таа станала и тргнала кон вратата од собата за да го спречи да влезе, но во тој момент осомничениот извадил нож и со него ја удрил во пределот на главата. Во момент кога му паднал ножот, оштетената успеала да се тргне и на висок тон почнала да вика и да бара помош, па од другата соба излегол нејзиниот син и го спречил осомничениот“, стои во соопштението.

    По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово определи мерка притвор за осомничениот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира