Хрватска потпиша договор за купување 44 тенкови „леопард 2А8“ од Германија. Зделката е вредна 1,48 милијарди евра, што е една од најголемите инвестиции на земјата во одбраната.
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ го потпиша договорот во Берлин во присуство на германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Хрватска постепено ја напушта источната воена технологија и се префрла на западната технологија, а партнерството со Германија е еден од начините за континуирано зајакнување на соработката во областа на одбраната“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Договорот е дел од поширока програма за модернизација од две милијарди евра, која вклучува и 18 хаубици „цезар“, 420 камиони „татра“ и опрема против дронови.
Берлин ја компензираше Хрватска со 144,8 милиони евра за тенковите и пешадиските борбени возила што беа префрлени во Германија во 2024 и потоа донирани на Украина. Од почетокот на војната, Хрватска испратила воена помош во Украина вредна 181 милион евра.
Хрватска ќе вложи 1,14 милијарди евра во одбранбениот инструмент „САФЕ“ на Европска Унија меѓу 2026 и 2030 и уште 343 милиони евра до 2033 година.



