ХАКЕРСКИ НАПАД ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА, ИЗБРИШАНИ СИТЕ ПОДАТОЦИ

    ХАКЕРСКИ НАПАД ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА, ИЗБРИШАНИ СИТЕ ПОДАТОЦИОд Министерството за внатрешни работи велат дека во моментов се врши увид во Зоолошката. (Фото: СДК.МК)

    Утрово е извршен хакерски напад на Зоолошката градина во Скопје. Како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во градината, утрово кога дошле на работа увидено е дека системот е нападнат и сите податоци се избришани.

    Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека во моментов се врши увид во Зоолошката.

    „Во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријавено е дека има хакерски напад на системот во скопската Зоолошка градина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

    Во скопската Зоолошка градина вчера за в. д. директорка беше поставена Катерина Костова, која е вработена во Правниот сектор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира