ВО ГАЗА ВЕЌЕ НЕМА СОСТОЈБА НА ГЛАД

    ВО ГАЗА ВЕЌЕ НЕМА СОСТОЈБА НА ГЛАДПовеќе од 100.000 луѓе во Газа и натаму се соочуваат со катастрофални услови (Фото: АП)

    Во Газа повеќе нема глад откако се подобрил пристапот до хуманитарна и комерцијална храна по прогласувањето на кревкото примирје на 10 октомври.

    Најновата проценка од Интегрираната класификација на безбедност на храната (ИПЦ) следува четири месеци откако беше објавено дека 514.000 луѓе, речиси една четвртина од Палестинците во Појасот Газа, се соочуваат со глад, што беше отфрлено од Израел. ИПЦ, сепак, предупреди дека ситуацијата во енклавата останува критична.

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека иако гладот е потиснат, придобивките се опасно кревки.

    „Далеку повеќе луѓе сега имаат пристап до храната што им е потребна за да преживеат. Потребите растат побрзо одошто може да пристигне помошта“, кажа Гутереш.

    Израел ги контролира сите пристапи до крајбрежната енклава. Израелската воена агенција која ја координира доставата на помош вели дека од почетокот на примирјето во Газа влегуваат 600-800 камиони дневно и дека храната сочинува 70% од залихите. Хамас ги оспорува овие бројки.

    Иако гладот е надминат, ИПЦ соопшти дека повеќе од 100.000 луѓе во Газа и натаму се соочуваат со катастрофални услови, но предвидува дека таа бројка ќе се намали на околу 1.900 луѓе до април 2026. Целиот Појас Газа сега е класифициран во вонредна фаза, што е еден чекор под катастрофални услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира