АПЕЛАЦИЈА ДВОЈНО ГИ ЗГОЛЕМИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ НА ДИРЕКТОРИТЕ ОД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНИОТ КОВИД-ЦЕНТАР СО 14 ЖРТВИ

    АПЕЛАЦИЈА ДВОЈНО ГИ ЗГОЛЕМИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ НА ДИРЕКТОРИТЕ ОД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНИОТ КОВИД-ЦЕНТАР СО 14 ЖРТВИВо првостепената пресуда на Основен суд Тетово Флорим Бесими и Артан Етеми добија по година и пол затвор. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд од Гостивар двојно ги зголеми затворските казни на обвинетите Флорим Бесими и Артан Етеми за пожарот на 8 септември 2021 година во модуларната ковид-болница во Тетово. Тие добија по три години затвор, а во првостепената пресуда на Основен суд Тетово по година и пол. Во пожарот во модуларната болница починаа 14 пациенти и членови на семејствата.

    Бесими како тогашен дирекот на Клиничка болница Тетово, а Етеми како економски директор, беа обвинети за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2 во Кривичниот законик, каде максималната затвроска казна е до пет години.

    Правното лице Клиничка болница Тетово кое беше гонето за кривично дело Предизвикување општа опасност по член 288 став 5 во врска со став 4, е казнето со парична казна од 1.300.000 денари, а во превостепената пресуда беа еден милион денари.

    Јавната седница Апелација Гостивар, постапувајќи по жалбите и на тетовското обвинителство и на бранителите на обвинените ја одржала на 25 ноември, а одлуката јавно ја објави вчера.

    Во првото судење директорите на болницата беа осудени на условна казна од една и пол година, а правното лице да плати еден милион денари. Ваквата пресуда, по жалба на Обвинителството, ја поништи Апелација Гостивар и предметот го врати на повторно судење.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира