ПРИТВОР ЗА ПЕТМИНА КЛИЕНТИ НА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ, МЕЃУ КОИ И ЗА НЕЈЗИНИОТ ДЕЧКО КОЈ JA ДРОГИРАЛ И JA ПРОСТИТУИРАЛ

    ПРИТВОР ЗА ПЕТМИНА КЛИЕНТИ НА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ, МЕЃУ КОИ И ЗА НЕЈЗИНИОТ ДЕЧКО КОЈ JA ДРОГИРАЛ И JA ПРОСТИТУИРАЛСудот им одреди мерка притвор на сите петмина осомничени (Фото: СДК.МК)

    Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР откри случај на трговија со дете од  полнолетно машко лице кое откако ќе го издрогирал детето, го продавал за сексуални услуги на четворица мажи кои знаеле дека општат со дете. Ценејќи ги околностите, јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите за определување притвор и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи мерка да им ја определи на сите петмина осомничени.

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

    „Првоосомничениот од есента 2023 година до крајот на 2024 година, во Тетово, откако зпочнал емотивна врска со тогаш петнаесетгодишната жртва, ја злоупотребил положбата на љубовен партнер и континуирано манипулирајќи со неа и искористувајќи ја довербата што жртвата му ја укажала, ја довел во состојба на зависност. Користејќи различни форми на принуда ѝ овозможил на жртвата да конзумира психотропни супстанции, со што ја доведувал во состојба на физичка или ментална неспособност воспоставувајќи контрола врз неа. Лишувајќи ја од способност самостојно да донесува одлуки го вовлекол детето-жртва во состојба на сексуална експлоатација. Заради остварување имотна корист, ја подведувал жртвата да дава сексуални услуги, а на останатите осомничени и други неидентификувани лица им овозможил да користат сексуални услуги од детето-жртва, кои иако знаеле и биле должни и можеле да знаат дека е жртва на трговија со луѓе, сепак ги користеле сексуалните услуги и му плаќале на осомничениот директно или преку детето-жртва“, кажа Обвинителството.

    По поднесување на обвинението, ова судење за дете-жртва ќе биде затворено за јавноста.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира