ОХРИДСКИОТ СНИМАТЕЛ КРИСТИЈАН ЉУШЕВ ЗАГИНА НА РАБОТА ПАЃАЈЌИ ОД ПЕТТИ КАТ ВО ОКНО ЗА ЛИФТ ОД ЗГРАДА ВО ИЗГРАДБА

    ОХРИДСКИОТ СНИМАТЕЛ КРИСТИЈАН ЉУШЕВ ЗАГИНА НА РАБОТА ПАЃАЈЌИ ОД ПЕТТИ КАТ ВО ОКНО ЗА ЛИФТ ОД ЗГРАДА ВО ИЗГРАДБАЉушев паднал при извршување работни задачи во објект во изградба вчера попладне. (Фото: СДК.МК)

    При пад од петти кат во окно од лифт во зграда која е во изградба вчера загина 28-годишниот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде биле направени обиди за негова реанимација, но биле неуспешни.

    „На 12 јануари 2026 година, во 15:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека при извршување работни задачи во објект во изградба, 28-годишниот Кристијан Љушев од Охрид паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ‘Св. Еразмо’ Охрид, каде подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид“, велат од СВР Охрид.

    Љушев работеше во неговата „Шпанец продукција“. Неговиот професионален ангажман опфаќаше широк спектар на проекти, од комерцијални видеа и музички спотови, до документарни и интернационални продукции. Соработуваше со бројни музичари и уметници, меѓу кои Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз, Марама и други.

    Посебно беше посветен на визуелното документирање на културните и традиционалните настани во Охрид и поширокиот регион, а неговиот творечки печат е присутен и во повеќе проекти поврзани со Бигорскиот манастир.

    Веста за неговата прерана смрт предизвика силни реакции во јавноста. Колеги, пријатели и соработници се простуваат од Љушев, изразувајќи длабока тага и неверување поради трагичната загуба.

    Љушев ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира