РАКОМЕТАРИТЕ РЕМИЗИРАА СО ПОРТУГАЛИЈА И ГИ ЗАДРЖАА ШАНСИТЕ ЗА ВТОРАТА ФАЗА НА ЕП

    РАКОМЕТАРИТЕ РЕМИЗИРАА СО ПОРТУГАЛИЈА И ГИ ЗАДРЖАА ШАНСИТЕ ЗА ВТОРАТА ФАЗА НА ЕПВо последното коло на 20 јануари, Македонија ќе игра со Романија

    Машката ракометна репрезентација ги задржа шансите за пласман во втората фаза на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска откако во драматична завршница ремизираше со Португалија 29:29. Фаворизираниот противник не искористи неколку шанси во последниот напад благодарение на голманот Томовски.

    Македонија играше рамноправно во првото полувреме и малку попушти дури во неговиот финиш, кога Португалија стекна предност од два гола, што ја надогради на стартот на продолжението.

    За само неколку минути игра во второто полувреме Португалија се одвои на пет гола, но Македонија успеа да се врати и во 53. минута стигна до еден гол негатива, а потоа и да израмни на 26:26. Ова го внесе мечот во неизвесна завршница, во која Португалија го имаше последниот удар, но во нападот кој траеше цели две минути не успеа да го совлада Томовски во два обида.

    Филип Кузмановски го одигра најдобриот меч за националниот тим, постигнувајќи 15 гола од 18 обиди.

    Во последното коло на 20 јануари (вторник), Македонија ќе игра со Романија од 18 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира