Основното јавно обвинителство Кавадарци бара притвор за 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која во пијана состојба го избодела сопругот со нож. Обвинителството поведе постапка против неа, а осомничена Е дека сторила кривично дело Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото“, соопшти Овинителството.
Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.



