ВЕНЕЦУЕЛА ОДОБРИ ЗАКОН ЗА ВРАЌАЊЕ НА СТРАНСКИ НАФТЕНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАТА

    ВЕНЕЦУЕЛА ОДОБРИ ЗАКОН ЗА ВРАЌАЊЕ НА СТРАНСКИ НАФТЕНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАТАНафтената индустрија страдаше поради лошо управување и недоволно инвестирање во инфраструктурата, како и поради строгите санкции (Фото: АФП)

    Националното собрание на Венецуела одобри реформи со кои ќе се овозможи поголема автономија на приватните компании во нафтениот сектор на земјата. Откако законот ќе биде потпишан од претседателката Делси Родригес, се очекува да се отвори пат за повеќе странски инвестиции во нафтената индустрија.

    По соборувањето на претседателот Николас Мадуро, Доналд Трамп ги притиска американските нафтени компании да инвестираат во огромните нафтени резерви на Венецуела, и покрај повеќедецениското лошо управување и неизвесната политичка клима во земјата.

    Откако венецуелските пратеници го изгласаа законот, САД ги ублажија санкциите за тамошната нафтена индустрија. Министерството за финансии издаде општа лиценца со која се одобруваат „низа трансакции поврзани со нафта од страна на воспоставен американски субјект“.

    Венецуела ги има најголемите докажани резерви на нафта во светот, но повеќето странски фирми заминаа откако индустријата прво беше национализирана, а потоа државната контрола врз производството беше дополнително затегната. Во меѓувреме, нафтената индустрија страдаше поради лошо управување и недоволно инвестирање во инфраструктурата, како и поради строгите санкции.

    Аналитичарите сметаат дека реформата би можела да помогне во повторното привлекување на странските нафтени компании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира