Дел од скопскиот Градскиот парк денеска е блокиран од коли зашто во Советот на Град Скопје се одржува седница, па дел од советниците и директори на јавните претпријатија и установи на диво се паркираат во пешачката зона на паркот. Во овој дел од паркот е забрането паркирање, но градската власт не го почитува законот и ова се случува секогаш кога се одржуваат седници на Советот.
Пред бараките на Град Скопје како и пред Зоолошка градина има зонско паркирање под управа на ЈП „Градски паркинг“, а паркирањето чини по 25 денари час.
На паркингот пред Град Скопје утрово немаше место за паркирање, па советниците и директорите наместо да најдат друго место, решија колите да ги остават во Градски парк.
А. АНТЕВСКА



