Казна доживотен затвор доби штипјанецот Стојанче Зарков (54) кој ја уби неговата 84-годишна мајка на 8 август 2025 во семејниот дом во Штип. Зарков бил во алкохолизирана состојба кога ја нападнал со остар предмет мајка си и ѝ нанел смртоносна убодна рана. Пресудата, која е неправосилна, ја изрече Основниот суд во Штип.
Зарков досега имал и други две пресуди за заграозување на сигурноста на мајка му и на татко, му кој починал пред две години, кога во расправија за пари со нож замавнувал кон нив и се заканувал дека ќе ги убие.
Зарков, кој сам го пријавил убиството со телефонски повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК), за цело време на судењето не признавал вина и велел дека не се сеќава и не знае дека сторил такво нешто.
Зарков имал брутален однос и кон својата сопруга која како рeзултат на таквиот живот имала неколку обиди за самоубиство, за да на крај почине во психијатриска болница.
Т. ЈОВАНОВСКИ



