До 2031 година да се продолжи рокот за легализација на дивоградбите, бараат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие минатата недела поднесоа предлог во Собранието за измени на Законот за легализација на дивоградбите, со кои рокот за легализација се продоложува за уште 5 години. Оваа измена не предвидува да се поднесуваат нови барања за легализација, туку е исклучиво за оние граѓани кои веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист.
„Граѓаните не смеат да останат со нерешен статус на својот дом поради административни препреки или поради бавни процедури. Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети кои се во процедура би биле прекинати по сила на закон во фазата во која се затечени“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.
Законот за легализација на дивоградби беше донесе во 2011 година и ако се усвојат измените и рокот се продолжи до 2031, законот ќе биде во сила вкупно 20 години.
