КОСОВО ДОБИ ВЛАДА ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПОЛИТИЧКА КРИЗА, КУРТИ ОСТАНУВА ПРЕМИЕР

    КОСОВО ДОБИ ВЛАДА ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПОЛИТИЧКА КРИЗА, КУРТИ ОСТАНУВА ПРЕМИЕРКурти најави инвестиции од милијарда евра во одбраната (Фото: Анадолу)

    Косовскиот парламент ја одобри новата влада предводена од премиерот Албин Курти, со што се стави крај на повеќе од една година долгиот политички ќор-сокак. Новата влада ja поддржаа 66 пратеници во 120-члениот парламент.

    Во својот говор во парламентот, Курти рече дека за време на четиригодишниот мандат на владата ќе бидат инвестирани милијарда евра во одбраната, ќе има значајни инвестиции во обновлива енергија и водни ресурси и ќе се развива производствената индустрија на Косово.

    Осврнувајќи се на Србија, Курти нагласи дека односите со неа ќе се нормализираат преку конструктивен и креативен дијалог.

    Според официјалните резултати од предвремените избори од 28 декември, Самоопределување на Курти освои речиси 50% гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира